Додај ме на листата
Сите програми во Black Friday понудата

Data Analysis 2.0 за луѓе што секој ден работат со бројки.

Excel, SQL, Power BI и Python, со AI, во програма со различна структура и распоред од 1.0. Најниските цени за програмите во 2027 ги добиваат само луѓето на листата, на 20 ноември.

Додај ме на листатаТрае 20 секунди.

Понуда за: луѓето на листата

Data Analysis 2.0

Најниските цени за програмите во 2027, датумот на почеток и линкот за уплата стигнуваат на email во петок, 20 ноември.

За тебе, ако…

  • работиш во финансии, банкарство, сметководство или контролинг и Excel веќе не ти е доволен;
  • правиш извештаи рачно и сакаш да ги автоматизираш;
  • сакаш да ги совладаш SQL, Power BI и Python без да станеш програмер;
  • сакаш AI да ти ја забрза работата, но да знаеш кога греши.

Пет модули

Подредени по редот по кој аналитичарот работи: прво ги чисти податоците, потоа ги извлекува, ги прикажува и ги автоматизира.

  1. ExcelОсновите што секој аналитичар ги користи секој ден, за чисти и подредени податоци.
  2. SQL со AIИзвлекување и спојување податоци од бази. AI го пишува барањето, ти проверуваш дали е точно.
  3. Power BIМодели, пресметки и dashboard-и што менаџментот ги чита. Најголемиот дел од програмата.
  4. Python со AIАвтоматизација и анализа со Python, со AI како помошник во пишувањето код.
  5. Финален проектЦелосна анализа на податоците на компанијата, со презентација на наодите.

Една компанија низ целата програма. Во сите модули работиш со финансиските податоци на измислена дистрибутивна компанија, со 8 домашни задачи со проверка. SQL и Python ги учиш со AI асистент (Claude): AI пишува, аналитичарот проверува.

Што ќе знаеш да направиш

На крај имаш заокружен проект што можеш да го покажеш во портфолио.

Што велат студентите

Искуства од студентите на Data Analysis академијата во сегашниот формат.

Академијата е одлична — професорите беа пријателски настроени и секогаш подготвени да помогнат. Сакав подобро да ги разбирам податоците што секојдневно ги користам во работата, и тоа го добив.
Илина БошковаСопственичка на бизнис
Искуството со Академијата беше исклучително позитивно. Со позадина во економија, ги надградив вештините со алатки како SQL, Power BI и Python.
Алекса ПетровиќЕкономист
Најмногу ми се допадна тоа што учевме преку реални деловни ситуации. Академијата ми донесе поголема сигурност во работата.
Христина Ќирковиќ
Програмата е внимателно осмислена, структурирана и насочена кон практична примена. Со секој нов совладан модул, самоувереноста ми растеше.
Кристина ЈовановаОд секторот за безбедност
Немав претходно искуство во анализата на податоци, па Академијата за мене беше можност да ги направам првите чекори. Денес се чувствувам многу посигурна.
Оливера ГрујевскаПрв чекор во податоци
Моето искуство би го опишала како трансформативно и инспиративно. Академијата не беше само место за учење, туку и место каде можев да ја поттикнам својата креативност.
Симона НиколовскаДоктор по медицина
Додај ме на листатаНајниската цена за 2027 ја дознаваш на 20 ноември.

Како се учи во 2.0

Менторите и практичната работа остануваат. Се менуваат начинот на учење и поддршката.

  • Нова структура и распоредПрограма со различна структура и распоред од 1.0, фокусирана на она што се користи на работа.
  • AI во учењетоAI ја брза рутинската работа. Ти учиш да го насочиш и да провериш дали резултатот е точен.
  • Во живо и на снимкаОнлајн часови во живо на Zoom, снимка од секој час и заедница на Discord.

Кога ќе заглавиш, кој ти помага

  1. AI тутор, 24/7За секое „како да…?": објаснување со други зборови, дополнителна вежба, порака за грешка. Одговара врз нашиот материјал.
  2. Асистент од нашиот тимКога ќе заглавиш или AI не помогнал: член на нашиот тим што ја познава програмата ја гледа твојата задача.
  3. МенторЕден главен ментор по програма. Ги води часовите во живо, одговара на прашањата што бараат искуство и го прегледува финалниот проект.

Дознај ја најниската цена за Data Analysis 2.0 во 2027

Понудата не ја објавуваме на страницата. Ја праќаме на email, на луѓето што се пријавиле.

  • До 20 ноември: неколку кратки email-ови само за програмите што ги избра.
  • Петок, 20 ноември: понудата со цената, датумот на почеток и линкот за уплата.
  • Понудата важи за уплата во целост, онлајн со картичка или преку банка.

Пријавата не те обврзува на ништо.

Кои програми те интересираат? Може повеќе.

Со пријавата се согласуваш да ти ја испратиме Black Friday понудата и информации за избраните програми на email. Одјава со еден клик. Политика за приватност.

Додај ме на листата